За нас

Гаце компани е семејна фирма која опстојува од 1992 година. Во 1992 година започнуваме како мал сервис, но со текот на годините со чесна и макотрпна работа се усовршивме и продолживме то тој пат. Професионално почнуваме да се занимаваме во текот на 1999 година каде се користи професионална и специјална опрема за поправка и репарација на секаков вид на возила. Нашата професионалност и прецизност во работата не доведе до проширување на бизнисот каде во средината на 2009 година започнуваме со шлеп служба. Почнувајќи со едно возило до сега во моментот располагаме со 5 професионални возила за шлеп служба достапни 24 часа 365 дена во годината.